-->
-->
Вил Смит ќе го продуцира „Алхемичарот“ на Паоло Куељо
-->
За време на Канскиот филмски фестивал е објавено дека студиото „Вистбрук” на Вил Смит и Џејда Пинкет-Смит ги здружуваат силите со „Нетфликс” за продукција на филмот „Алхемичарот”, според истоимениот роман на Паоло Куељо.
Себастијан де Соуза, Том Холандер и Шоре Агдашлу ќе бидат во главните улоги во филмот. Кевин Фрејкс е режисер. Снимањето е закажано за во Мароко, септември годинава, а премиерата – во 2022 година.
Според „Нетер филмс”, „Стотици милиони луѓе нашле инспирација во ‘Алхемичарот’ последниве три десетлетија и ги оствариле своите соништа”, слушајќи ги своите срца и никогаш не губејќи надеж кога би биле исправени пред несреќи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло