Викторија Бекам објави интерактивен сајт

По летниот одмор со семејството на Бахамите, Викторија Бекам ги извести своите обожаватели дека во функција стави интерактивен сајт.
- Мојот нов веб сајт веќе е во живо. Толку се возбудувам затоа што досега е активен во над 100 држави. Се надевам дека ќе се забавувате. Кажете го вашето мислење, додава поранешната членка на групата „Спајс Грлс“, а сега моден дизајнер.
Таа веста за сајтот ја сподели преку Инстаграм по што доби бран коментари. Некои од нив се негативни, поврзани со фактот дека облеката што ја нуди е премногу скапа, а не за секој ден.
Друга и одговори: „Оваа жена е фантастична. Таа работи кул, за да се постигне тоа. Луѓето кои ја критикуваат, треба да престанат да и завидуваат и да пораснат".
Членовите на групата „Спајс Грлс“ објавија дека се подготвуват за турнеја во Велика Британија во 2019 година, но без Викторија Бекам. Веројатно причината за ова е нејзината посветеност како дизајнер и стар конфликт со остатокот од бендот.
Откако ја заврши пејачка кариера, сопругата на Дејвид Бекам одлучи да стане дизајнер и создаде своја модна линија во 2008 година Во моментов нејзините облека и додатоци се продаваат во над 500 продавници во 60 земји во светот.
Ново на Сител
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
