Балкан
12. August 2016 - 20:53

Викиликс повторно објави електронска коресподенција на АКП

Викиликс објави над 113.000 електронски пораки меѓу членовите на турската владејачка партија на правдата и развојот (АКП).

- Во вториот дел од електронската кореспонденција на владејачката АКП на Ердоган објавени се уште 113.362 документи, објави Викиликс на Твитер.

Викиликс во јули објави 294.548 електронски пораки на АКП. По објавувањето интернет-страницата на Викиликс беше блокирана на територијата на Турција.