Викиликс објави околу 300 илјади електронски соопштенија на турската Влада
Организацијата Викиликс, позната по објавувањето на доверливи документи, извести дека објавила околу 300 илјади електронски соопштенија на членовите на турската Влада.
Оваа вест Викиликс ја објави преку социјалната мрежа Твитер, а во соопштението има и линк кон базата со податоци во документите, во која може да се пребара според клучни зборови, јави ДПА.
Објавени се 294.548 електронски писма на турската владејачка партија на претседателот Реџеп Таип Ердоган, се вели во соопштението.
Освен мејлови објавени се и илјадници прикачени документи од 762 адреси, поврзани со домеинот на Партијата на правдата и развојот, akparti.org.tr.
Мејловите, поврзани со тој домеин, во повеќето случаи се користени за соопштение, кое содржи совети, а не за доверливи внатрешни прашања, појасни Викиликс.
Најновото објавено соопштение е од 6 јули, а најстарото од 2010 година. Материјалите се добиени неколку недели пред обидот за воен удар на 15 јули.
Викиликс ги проверил материјалите и изворот и утврдил дека изворот нема врска со елементи, кои стојат зад обидот за пуч, ниту пак се поврзани со противничка политичка партија или движење, се вели во соопштението.
Викиликс се појави во 2006 година и за неколку години на сајтот се објавија илјадници тајни докуименти, при што најголемо внимание привлекоа американските дипломатски дописи.
Ново на Сител
-
Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него
-
Десеттина пелагониски села без вода
-
Мерц: Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина, преку НАТО
-
Конференција „Финансиска отчетност на изборите“ во организација на ДЗР
-
Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп за подготвеноста да ја поддржи Украина
-
На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 20 минути
-
Сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин