Викендов во Скопје 33 сообраќајки, повредени 23 лица

Дваесет и три лица се повредени во 33 евидентирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на Скопје. Во две несреќи со тешки и со полесни телесни повреди се здобиле четворица возачи, во 17 полесно се повредени 19 лица, а во 14 е причинета материјална штета.
Во петокот е извршен увид на осум сообраќајни незгоди. Во една од нив со тешки телесни повреди се здобил еден пешак, во шест полесно се повредени шест лица, а во една е причинета материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата е извршен увид на 15 сообраќајни незгоди. Во една од нив, двајца возачи се здобиле со повреди, едниот со тешки, а другиот со полесни телесни повреди. Во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле девет лица, а осум незгоди се со материјална штета.
Вчера е извршен увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки и полесни телесни повреди се здобиле двајца возачи, во пет со полесни повреди се здобиле четири лица, а пет се со причинета материјална штета.
Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција, санкционирала шест возачи кои се движеле со возилото со поголема брзина од дозволената, како и шест кои возеле под дејство на алкохол. Санционирани се и тројца возачи поминале на црвено светло на семафор и 15 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 45 непрописно паркирани возила
Со помош на специјалното возило „Пајак“, во текот на овие три дена отстранети се 68 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање, како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Ново на Сител
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
