Викендов нестабилно со пообилни врнежи од дожд
– Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре попладне најпрво во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја времето ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопската котлина во вечерните и ноќните часови времето ќе биде облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.
Од недела ќе дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.
Минимална температура ќе се движи од четири до 17, а максималната од 16 до 26 степени.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Ново на Сител
-
Какви последици може да имаат злоупотребите во Академијата за судии и јавни обвинители?
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали врховен судија посредувал за прием и полагање на кандидати за судии и обвинители?
-
Поништени пресметките на претходниот балансер, зголемен процентот на Македонци, намален на Албанци
-
Мицкоски и Меџити во одбрана на владиниот легитимитет за првите 30 дена
-
ДУИ не чувствуваат одговорност за измените на Кривичниот законик, ВРЕДИ ги повикаа да признаат дека згрешиле
-
Српски полицајци ќе патролираат во Охрид