Викендов 18 струмичани се здобиле со скршеници

Осумнаесет лица се здобиле со скршеници по пад на мраз, информираат од Одделението за ортопедија во Општа болница во Струмица. Според нив, 14 лица имале полесни скршеници, на кои лекарите им ставиле гипс и ги пуштиле на болничко лекуивање.
-Четворица пациенти, поради комплицираноста на повредата, ги опериравме и тие се на болничко лекување. Меѓу пациентите се лица од сите возрасти, има и млади и повозрасни. Со таа разлика што младите најчесто кршат раце и зглобови, а кај повозрасните страдаат колковите. Имавме и скршеници на нозе и набиеници, вели спец.д-р Иван Ефтимов, ортопед.
Лекарите советуваат граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат од дома, особено повозрасните лица. Доколку мора да излезат, внимателно да се движат по лизгавиот терен, а рацете да не ги држаат во џебот.
Струмичките ортопеди апелираат до граѓаните доколку некој се повреди на мразот да не оди кај „местачи“ или надри-лекари,, туку веднаш да побараат помош во ортопедското одделение.
Ново на Сител
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
