Викендов 18 сообраќајки во Скопје, три лица тешко повредени

Возач на патничко моторно возило, сопатник и еден велосипедист биле тешко повредени во две од вкупно 18 сообраќајни несреќи што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки полесно биле повредени седум лица, а во 11 била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 113 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 36 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 58 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четворица почетници, како и 40 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.
Санкционирани биле и 14 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, девет за не користење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, 15 возачи за не носење сигурносен појас, како и 17 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Еден пешак поминал коловоз вон пешачки премин.
Затекнати биле 195 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 140 возила.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
