Викендот спасени најмалку илјада мигранти во Медитеранот
Најмалку илјада луѓе мигранти кои се обиделе да преминат преку Средоземното Море се спасени во текот на викендот, соопшти крајбрежната стража на Италија.
Хрватски брод кој е дел од патролата Тритон на ЕУ, спасил синоќа 671 лице меѓу кои 48 деца и 108 жени во пет одвоени операции. Претходниот ден италијански брод спасил 400 мигранти во близина на либискиот брег.
ОН соопштија дека за седум месеци од оваа година околу 224.000 мигранти и бегалци го преминале Средоземното Море на пат кон Европа, а повеќе од 2.000 ги загубиле животите или се исчезнати.
Речиси сите кои го преминале Средоземното Море во тој период пристигнале во Грција и Италија.
- Она што го имаме на праг на Европа е бегалска криза, изјави Вилијам Спиндлер од УНХЦР. Најголем дел од мигрантите се Сиријци (38 отсто), следуваат Еритрејци, Авганистанци, Нигеријци и Сомалијци.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто