Викенд временска: Доаѓа снегот

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во западните делови засилен југозападен ветер. Попладне ќе има зголемување на облачноста почнувајќи од западните делови каде и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од 11 до 18 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Во сабота врнежите од дожд ќе продолжат и локално се очекува да наврнат над 20 л/м2. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Од недела следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со пониски утрински температури.
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
