Викенд програма за млади претприемачи во Јавна соба на „Дизајн што продава“

Во рамки на „Дизајнот што продава“ во Јавна соба денеска ќе бидат одржани предавања на експерти кои ќе споделат искуства со производителите и младите претприемачи од Македонија за работењето и позиционираноста на младите брендови.
Овој бизнис викенд, според организаторите, е интервенција на Јавна соба во поглед на поттикнување на младите претприемачи во Македонија и стимул за дизајн секторот.
- Намален е бројот на нови дизајни, намален е бројот на новоформирани дизајн студија, младите се сè понеодлучни да инвестираат во себе, својата креативност и знаење. Но како е можно еден млад претприемач да не верува во своите способности!? Не смее да дозволиме само производните капацитетити и администацијата да бидат перципирани како активни работодавци. Постои огромна дупка на пазарот, домашен и регионален, а нема кој да ја покрие со производи. Навистина е жално што не го користиме моментот кога сме опкружени со голем број на исплатливи ресурси, достапна технологија и ниска цена на труд, а сето тоа зачинето со иновација, време, труд и минимални средства може да донесе огромен бенефит, вели Александар Велиновски основач на дизајн центарот Јавна соба и Неделата на дизајн во Скопје.
Заинтересираните можат да закажат и тет а тет средба, односно индивидуално советување во времетаење од еден час со еден или повеќе експерти.
„Дизајн што продава“ е во организација на Јавна соба и Grow Up Academy и е поддржан од Swiss Contact.
Ново на Сител
-

Макрон за насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети
-

Во Литванија граѓаните во засолништа поради непознат летачки објект
-

Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
-

Венс: Имиграцијата е виновна за насилството за време на протестите во Франција
-

Украинските сили извршија напади со дронови врз Санкт Петербург и Ленинградската област
-

Шведска и Франција на врвот по силувања во Европа, Македонија побезбедна за жените
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
