-->
-->
(ВИДЕО) Важна победа на Челзи во трката за шампионската титула
-->
Екипата на Челзи забележа значајна победа над Саутемптон и со новите три бодови е се поблиску до освојување на шампионскот трофеј во Премиер лигата.
На средбата од 34.коло одиграна на „Стемфорд бриџ“ Челзи го победи Саутемптон со 4:2.
Еден Азар во петтата минута, Гери Кејхил во 45. и на двапати Диего Коста во 54. и во 89 минута погодија за „сините“. Двата за гостите од „Сент Мери“ беа дела на Ориол Ромеу во 24 минута и Рајан Бертран во втората од судиското продолжение.
Сега Челзи одново има 7 бодови повеќе во однос на Тотенхем кој денеска (среда, 21 ч.) му гостува на Кристал Палас во еден од петте заостанати натпревари од 28.коло.
Покрај овој меч вечерва ќе играат
Арсенал - Лестер и Мидлсборо - Сандерленд (20:45 часот).
Последнита два натпревари од 28.коло Челзи - Ватфорд и Саутемптон - Манчестер Ј. ќе се играат на 15 и 17 мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“
-
Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција и дефокус од реформите
-
Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи
-
Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва
-
Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон