Балкан
13. July 2016 - 12:30

Видео исповед на мајката на малечката Анѓа: Колку се радуваше што оди на роденден...

Беше многу весела и убаво ја облековме. Штом слушна за роденденот, веднаш посака да оди...-раскажува неутешната мајка Даниејала Стефановиќ, чија ќерка Анѓелина (3) ѕверски е силувана и убиена во неделата во селото Вратарница во близина на Зајечар.

За нејзиното убиство е осомничен соседот Владица Рајковиќ (28) кој го призна убиството.

Foto: Dragan Ilić

-Ја дотерав, и дадов подарок и ја испратив. Се шеткаше со другарчињата, доаѓаше во нашиот двор, возеа велосипеди, а потоа пак отиде на прославата, раскажуваат мајката и бабата на тригодишната Анѓа која вчера во бел ковчег е погребана на селските гробишта.

Неутешната мајка не претчуствувала дека тоа и се последните часови од животот на ќеркичката...