-->
-->
(ВИДЕО) Хуанфран делува како Усеин Болд покрај Роналдо
-->

Шпанските медиуми не престануваат со критиките на адреса на официјално најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо.
„За Роналдо, оваа сезона е веќе загубена...“ се само дел од насловите на шпанските медиуми.
Португалецот сезонава е едноставно непрепознатлив, и далеку од формата во која целиот свет е навикнат да го гледа. За тоа најдобра потврда се и самите статистички податоци, односно само еден гол во Ла Лига.
Како илустрација, Роналдо кој важи за еден од најбрзите фудбалери во светот, на градското дерби против Атлетико, кое заврши без голови 0-0, едноставно делуваше како „бавен воз“ во однос на одбранбениот фудбалер на „јорганџиите“ Хуанфран.
Сликовито, при еден дуел Ронадо истрчал со брзина од 32,8 км/ч. додека фудбалерот на Атлетико 33,8 километри на час, па Хуанфран едноставно делуваше како Усеин Болд во однос на Роналдо.
Минатата сезона Роналдо со 25 гола на 29 натпревари го предводеше Реал до шампионскиот трофеј во Шпанија, а подоцна и во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
