-->
-->
Видал за 40 милиони во Баерн!
-->
Чилеанецот Артуро Видал, по четири години минати во Италија, ќе се врати во германската Бундеслига. Како што пренесуваат италијанските и германските медиуми, Јувентус и Баерн го договориле трансферот на Видал кој изнесува 40 милиони евра.
Видал со Баерн ќе потпише четиригодишен договор, до јуни 2019 година, вреден 6,5 милиони евра по сезона.
Интересно, темпераментниот Чилеанец, како играч на Леверкузен и во 2011 година беше на чекор до минхенски Баерн, но иако ги имаше договорено условите, во последен момент се реши да ја прифати финансиски побогатата понуда на Јувентус.
Од друга страна, за Јувентус ова веројатно беше последна шанса да заработи големи пари од продажбата на овој 28-годишен фудбалер. Парите од трансферот на Видал, Јувентус ќе ги насиочо кон ангажирање на офанзивен играч од редот за врска, а како можни засилувања се споменуват Оскар, Иско и Езил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трибина: Состојбите во современиот македонски јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори