-->
-->
Видал се премисли, останува во репрезентација
-->

Артуро Видал, по само еден ден ја смени својата одлука за завршување на репрезентативната кариера.
Откако прво најави повлекување од националниот тим на Чиле разочаран по неуспехот во Мундијалските квалификации, ноќеска објави нова порака.
- Воинот може да плаче, да чувствува страв и разочарување, но никогаш не се предава и се бори до смрт. Секогаш кога ќе ме поканат, ќе одговорам. За секој неуспех постои реванш. Сега е тешко за нас, но тоа не е крај. Не за оваа генерација и тим. Заедно ќе станеме посилни од било кога. Ние сме чилеански воини. Напред, Чиле! Се гледаме во следната битка, стои во новата порака од Видал.
Чиле вчера загуби од Бразил со 3:0 и остана без пласман на Светското фудбалско првенство во Русија 2018 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
