-->
-->
Видал исфрлен од националниот тим
-->
Фудбалерот на Баерн Минхен, Артуро Видал, поради недисциплина е исфрлен од подготовките на националниот тим на Чиле пред пријателскиот меч со Паргвај. Според чилеанските медиуми Видал со пријатели до раните утрински часови бил во казина, поради што селекторот Хорхе Сампаоли го отстранил од репрезентацијата.
Првичните информации кои се појавија во јавноста беа дека Видал поради приватни проблеми ја напуштил репрезентацијата. Синот на Видал боледува од дијабетес и новинарите во Чиле шпекулираа дека поради тоа тој итно се вратил во Германија.
Потоа се појавија фотографии на кои се гледа дека Видал е со пријателите во казино, по што играчот добил улитиматум од селекторот да ја напушти репрезентацијата.
Инаку ова не прв ваков инцидент во кој е инволвиран Видал, пред два месеца, на „Копа Америка“ фудбалерот во алкохолизирана состојба предизвика сообраќајна несреќа, во која го уништи своето Ферари.
Видал од 2007 година има одиграно 69 натпревари за репрезентацијата на Чиле, во летниот преоден рок тој за сума од 40 милиони евра се пресели од Јувентус во Баерн Минхен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени