Вицепремиерот Бесими ќе ја посети Антикорупциската комисија
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска ќе ја посети Државната комисија за спречување корупција и ќе има средба со претседателот на Комисијата Горан Миленков и неговиот тим.
Посетата е во рамки на иницијативата „Институционални посети" која ја спроведува Секретаријатот за европски прашања (СЕП), а целта е натамошно следење на имплементацијата на итните реформски приоритети кои се во надлежност на ДКСК.
- Ваквите институционални посети ќе продолжат со цел да се фокусираат активностите кон реализација на итните реформски приоритети во клучните области и за тоа редовно да се информира Европската комисија. Согласно со заклучоците од Советот на ЕУ, Европската комисија ќе подготви посебен извештај за Република Македонија по изборите во април следната година, информира СЕП.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори