Ветингот во УБК ќе се спроведува на оние кои ќе се пријават на огласот, но и на оние кои нема да се пријават
Ветингот во УБК ќе се спроведува и на оние кои ќе се пријават на огласот, но и на оние кои нема да се пријават, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци, во врска со ветингот во УБК.
Информираше дека комисиите се формирани и треба да се работи на правилниците и подзаконските акти.
– Информацијата која ми ја даде директорот на Агенцијата за национална безбедност е дека тие се веќе подготвени и треба да поминат и на Влада. Следниот чекор е започнување на ветинг процесот. Тоа значи пријавување на оглас на сите вработени, појасни министерот Спасовски.
Тој истакна дека ветингот ќе се спроведува за сите вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање.
– Ќе се спроведува од аспект на личниот интегритет, начинот на кој работеле во Управата, степенот на образование, како напредувале во службата и на таа основа и сите тие аспекти да се донесат одлуките. За нас е важно Агенцијата да биде модерна, ефикасна, да ја штити националната безбедност, а во ниту еден случај да не биде Агенција која понатаму ќе продуцира нови политички кризи и пореметувања на општествениот систем, нагласи Спасовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата