-->
-->
Вест Хем го отпушти Билиќ
-->

Хрватскиот фудбалски стручњак Славен Билиќ денеска доби отказ од тренерската позиција во премиерлигашот Вест Хем, објавија дел од англиските медиуми.
Подолго време Билиќ добиваше шанси од сопствениците на клубот кои имаа трпение и покрај слабите резултати, но последниот пораз од Ливерпул во саботата (1:4) пресуди Вест Хем да му додели отказ.
Вест Хем по 11 кола во Премиер лигата се наоѓа на 18. место со само 9 освоени бода.
Засега нема официјална потврда од клубот за отказот на хрватскиот стручњак, како и за тоа кој ќе го наследи на менаџерската позиција, но се шпекулира дека тоа ќе биде Дејвид Мојс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
