Весна Змијанац во тешка депресија: Нејзината куќа ќе мора да се руши

Пејачката и тазе баба Весна Змијанац во последните неколку дена преживува нова драма. Само што најде мир со внуката Реа, соседите од Букуља и ја расипаа идилата.
Имено, ја повикаа да и кажат дека добиле судски налог нејзината куќа на Букуља која се наоѓа на дел од нивното земјиште, да ја урнат бидејќи сакале да градат големо здание.
Таа веднаш им ги покажала документите за тој дел од земјиштето од претходниот сопственик, но и објасниле дека и тогаш имале спор со него и дека тој дел и припаѓа ним.
Весна плачела и молела, нудела пари во вредност од помал стан во Белград за да го откупи тој дел од нив, но залудно.
И натаму тие биле упорно дека на тој дел од земјиштето ќе градат куќа. Весна поради ова паднала во депресија, плачела со денови и не можела да се соземе.
Ги повлекла сите свои врски за да го реши проблемот, но и натаму е беспомошна за некој да застане на нејзина страна. Поради депресијата не излегува, никому не му се јавува, времето го поминува со внуката, а кога Николија има време, се труди да ја теши и смири, инаку никој друг не сака да го гледа покрај себе.
Сепак се надева дека соседите ќе се согласат на износот кој им го понудила, зошто си рекле дека сепак ќе размислат, па и рекле дека ќе и јават во текот на месецот што одлучиле.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
