Весна Пусиќ ќе се кандидира за генерален секретар на ОН

Шефицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ во интервју за британскиот весник „Индепендент“ потврди дека ќе се кандидра за генерален секретар на Обединети нации.
- Ќе се кандидирам за тоа место. Тоа би била фантастична работа, златна можност. Ќе ми биде голема чест што ќе учествувам во процесот, посочи Пусиќ.
Таа наведе дека повоеното искуство во политиката ќе и биде од голема корист и важна подготовка за ОН.
- Можеби е премногу да се очекува генералниот секретар да може да ги менува државите, но уверена сум дека разбира како функционираат работите, пред или по судирите и тоа може да биде од корист, посебно во разговорите со луѓето во тие земји, кои се погодени од судири, наведе Пусиќ.
„Индепендент“ пишува дека Пусиќ има добри шанси да биде избрана поради праксата за регионална ротација при избор на генерален секретар односно кандидатот да биде од Источна Европа, а постои и се поголема поддршка на тоа место да биде избрана жена.
Противниците од Хрватска ја обвинуваат Пусиќ дека кокетира со меѓународната заедница во момент кога треба да се фокусира на хрватската дипломатија, бидејќи Загреб и понатаму има сложени односи со соседните држави.
Ново на Сител
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
