Весна Бејби Петрушевска и Игор Џамбазов преку социјалните мрежи се простија од Беличанец

Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје.
МВР соопшти дека синоќа околу 22.30 часот, во полициска станица Центар, С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење.
Нејзините колеги и колешки преку социјалните мрежи се простуваат од актерката.
Весна Бејби Петрушевска преку својот „Фесјбук“ се прости од Беличанец.
„Многу тажно, најболните збогувања се оние кои се недокажани и никогаш необјасниви.Мирно небо драга моја Бибс“ напиша Весна на социјалните мрежи.

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов на својот „Инстаграм“ се прости од неговата драга колешка.
„Почивај во мир моја драга Б.Б“, напиша Џамбазов.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
