Вештачка интелигенција стана официјален професор на „Харвард“
„Харвард“ ја прифаќа вештачката интелигенција во училницата.
Почнувајќи од оваа есен, студентите по компјутерски науки запишани на курсот „Вовед во програмирање“ ќе бидат охрабрени да користат вештачка интелигенција за да го дебагираат кодирањето, да добијат повратни информации за нивната работа и да одговорат на индивидуални прашања за грешки и нејасни линии на код.
– Се надеваме дека со помош на вештачката интелигенција ќе успееме да го направиме еднаков односот наставник-ученик за секој студент на курсот „Вовед во програмирање“ со тоа што ќе обезбедиме софтверски алатки кои 24/7 можат да ги поддржат студентите во нивното учење со темпо и на начин што индивидуално им одговара – изјавил професорот Дејвид Џ. Малан.
Студентите нема да користат „Чет-ГПТ“ или друга позната алатка, туку јазичен модел на универзитетот, кој ќе се фокусира на водење на студентите кон одговор наместо давање готов одговор.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР