Весељи: Косовската војска ќе биде наскоро формирана
Претседателот на косовското собрание Кадри Весељи денеска изнесе тврдење дека косовската војска ќе биде наскоро формирана. Тој оценува дека е важно да се инвестира во вооружените сили и тоа во соработка со меѓународната заедница, јавија приштинските медиуми.
- Процесот на одлучување во Собранието за трансформација не е толку важен колку што е важно инвестирањето во вооружените сили, со цел да се снабдат со потребното оружје, а тоа е можно само со соработка со меѓународната заедница, истакна Весељи, пренесува Танјуг.
Претседателот на косовското собрание наведе дека косовските власти ќе ги преземат сите институционални акции во партнерството.
- За тоа зборував и во Пентагон, косовската војска е реалност што набрзо ќе биде реализирана, нагласи Весељи.
Тој даде коментар и за пограничната демаркација со Црна Гора и Заедницата на српските општини, потенцирајќи дека тоа се „многу важни процеси“ за Косово.
Весељи исто така го поздрави отстранувањето на ѕидот во северна Митровица, порачувајќи до сите граѓани дека повеќе нема да има ѕидови во Косово.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Секој граѓанин има право на избор, дали ќе апстинира или ќе им отвори врата на попишувачите
-
Тутунарите интензивно ги пријавуваат вишоците, се бара откуп и во сабота
-
На грчкиот остров Закинтос пронајдени 800 килограми експлозивен материјал
-
Судот прифати дополнителни докази за случајот „Таргет – тврдина“
-
Царовска: Најголем дел од средношколците се подготвуваат за матура, нов концепт од следната година
-
Задолжителен седумдневен карантин за сите кои пристигнуваат во Грција
-
Ѓукановиќ: Ќе ги потпишам законите, Уставот ме обврзува
-
Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против Ковид-19