Верстапен: Направивме некои промени и однесувањето на мојот болид стана непредвидливо
Светскиот шампион Макс Верстапен објасни дека промената на поставките на неговиот болид за квалификациите за Големата награда на Азербејџан довела до потскокнување на патеката во Баку и оттука понизок резултат од очекуваниот.
Верстапен заврши на 6-то место во квалификациите, со 0,658 секунди заостанување од првопласираниот Шарл Леклер, и во ниту еден момент не беше сериозен кандидат за пол-позиција.
Исто така, за прв пат во 33 трки од минатогодишното Гран При на Мајами, тимскиот колега на Макс Серхио Перез заврши пред него во квалификациите - 4-ти.
- Во моментот кога излегов на патеката за првиот дел од квалификациите почувствував дека направивме чекор назад во болидот. Направивме некои промени и однесувањето на мојот болид стана непредвидливо и стана тешко за возење. При вртење и излегување од кривините, задниот дел почна да отскокнува. Во вториот дел се претставивме релативно добро, но не можев се да извадам од болидот. Имав премногу надуправување, а тоа не е добро за улична патека, истакна пилотот.
Сепак, Верстапен објасни дека во споредба со Монца, Ред Бул има напредок и болидот не е тоа „чудовиште“ од Италијанското ГП. Но, тој призна дека бил песимист во врска со прекинот на неговата серија од шест трки без победа пред настапот на РБ20 во Баку.
Ново на Сител
-
Зеленски предлага прекин на огнот додека не се сретне со Путин
-
Без вода утре неколку улици во Карпош
-
Супербогатите станаа уште побогати во 2024 година поради концентрацијата на капиталот
-
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Јордан
-
Дебата во Собранието за намалување на процентот на репрезентативност на синдикатите во ЕСС
-
Регионалниот центар за гранични работи Исток расчисти случаи на кражба на огревно дрво и незаконски транспорт на дрва
-
Муцунски во посета на Париз, фокусот на реафирмирање на француската поддршка за евроинтеграциите
-
МВР: 25 земјоделци и 2 претпријатија измамени од вкупно 141.650 евра