Свет
21. December 2020 - 10:28

Веран: Можно е новиот коронавирус да циркулира низ Франција

Францускиот министер за здравство Оливие Веран денеска изјави дека е можно во земјата да циркулира новиот вид на Ковид- 19, иако тестовите досега не го утврдиле тоа.

„Сосема е можно вирусот да е во Франција“, изјави Веран за радиото „Европа 1“, објави Ројтерс.

Новиот вид на Ковид- 19, откриен во Лондон и во југоисточна Англија, е најверојатно околу 70% позаразен, па затоа Британците воведоа уште построги ограничувачки мерки и им беше забрането да одат во многу земји, особено во европските, по воздушен пат или копно, додава Ројтерс.