Венецуелската опозиција освои квалификувано мнозинство во новиот Парламент
![]()
Опозицијата во Венецуела освои квалификувано двотретинско парламентарно мнозинство на неделните парламентарни избори, пренесоа американските медиуми.
Националната изборна комисија на својот сајт ги објави конечните резултати од гласањето, според кои досега непополнетите две места во Парламентот одат во рацете на опозицијата, која на овој начин освојува 112 места во 167-члениот законодавен дом.
Единствената социјалистичка партија на Венецуела на претседателот Николас Мадуро е втора со освоени 55 мандати.
Квалификуваното мнозинство на опозицијата и дава моќ да се обиде да му ја земе власта на Мадуро по 17 години социјалистичко владеење. Сега таа има можност да гласа за промена на судиите во Врховниот суд, да закаже референдум за одземање на мандатот на претседателот, па дури и да свика собрание на кое ќе го смени Уставот, наметнат од претходниот долгогодишен претседател Уго Чавес во 1999 година.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави преструктурирање на Владата по тешкиот пораз на парламентарните избори, пренесе ДПА.
-Ги повикав министрите да ги ослободат своите функции, така што ќе можеме да почнеме процес на преструктурирање, обновување и зацврстување на целата Влада, изјави тој на националната телевизија.
Според него, на изборите победиле „лошите момчиња“, дополнува ТАСС.
Ново на Сител
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
