Македонија
25. September 2015 - 15:46

Велосипедист тешко повреден на Рузвелтова, Аудито удрило и во автобус

Велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил „Ауди“ со скопски регистерки таблички на улицата „Рузвелтова“ во близина на раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“.

Несреќата се случила околу 14 часот, а според првичните информации од полицијата, Аудито по ударот во велосипедистот, направил уште една сообраќајна несреќа удрирајќи во автобус. 

Велосипедистот со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар, а полицијата на местото на несреќата извршува увид.

Засега нема информации за евентуално други повредени лица.