Вељаноски се сретна со делегација на Комисијата за европски прашања на холандскиот Парламент

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска оствари средба со делегација на Комисијата за европски прашања на холандскиот Парламент, предводена од Малик Азмани претседател на Комисијата.
На почетокот на средбата Вељаноски се заблагодарил за постојаната поддршка што Холандија ја дава на Република Македонија во однос на европските интеграции и за досегашните успешно реализирани проекти и инвестиции. Тој истакнал дека стои на располагање за понатамошно продлабочување на соработката и посочил дека Собранието на Република Македонија е отворено за зајакнување на парламентарната соработка на сите нивоа.
- Шефот на холандската делегација Макик Азмани, заблагодарувајќи се за средбата, истакна дека ваквите средби се одлична можност за унапредување на досега одличните односи меѓу двете земји и ја искористи приликата да упати покана за посета на холандскиот парламент од страна на парламентарна делегација на Собранието на Република Македонија, се вели во денешното соопштение од Кабинетот на Вељаноски.
На средбата се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот во однос на мигрантската криза, при што било потенцирано дека ова прашање е од големо значење за цела Европа но и светот во целина.
Вељаноски истакнал дека земјата стои на принципиелниот став да ги почитува европските одлуки и решенија доколку тие не се на штета на Република Македонија. Соговорниците се согласиле дека добрососедските односи се од клучно значење за надминување на сите отворени прашања, како и за натамошен просперитет и стабилност.
Соговорниците разговарале за актуелните случувања во државата како и за можностите за подобрување на економската соработка меѓу двете земји.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
