Вељаноски: Ги повикувам институциите да ја исправат грешката
Трајко Вељаноски денеска преку соопштени реагираше на приведувањето на Митко Чавков и уште 35. лица за настаните во македонското Собрание од 27 април.
- Политичката определба, националната припадност и останатите наши разлики (треба) да се спојат единствено во институциите на системот, кои како неутрални и професионални се задолжени за спроведување на правдата и на демократијата. Меѓутоа, денес, државата, со приведувањето и на двајца административни службеници, млади професионалци, родители и сопрузи на малолетни дечиња го покажува своето најгрдо и најлошо недемократско лице. Ниту во најлошиот кошмар не смееме ниту да помислиме дека невини животи и кариери ќе бидат жртвата на еден мега процес кој трае во континуитет. А, не, пак, како денес – во реалноста! Единствениот грев на двајцата млади професионалци е што тие како одговорни личности со долг собраниски стаж, за време на настаните од 27 април, биле на своите работни места во македонскиот парламент. Ниту влегувале некаде. Ниту го напуштиле своето место. Ниту направиле нешто трето спротивно на законот. Напротив! Останале, заедно со сите други вработени, трпејќи ги, крајно незаслужено сите негативности и трауми кој ни ги донесе тој тажен ден за нашата Татковина, вели Вељановски, во соопштението.
Поранешниот собраниски спикер додава дека политиката им припаѓа на политичарите, а Уставот и законите им припаѓаат на сите подеднакво.
- Приведувањето на двајцата недолжни личности во пет наутро, пред очите на нивните малолетни дечиња, од страна на вооружени униформирани лица ниту е продолжување на политиката со други средства, бидејќи двајцата млади луѓе не се тоа; ниту, пак, е спроведување на некаква правда, бидејќи нивниот единствен грев е тоа што и тој ден, како и повеќе години пред тоа работеле во собраниските служби. Во овие моменти, кога гледаме како „Господ ја однел шегата“ – борбата за невините двајца млади родители и добри личности кои неправедно се втурнати во оваа хиперполитизирана каша е борба за сите нас. Ова не смее да се случува! Ги повикувам институциите да ја исправат грешката затоа што лошата правда е најголемата неправда, завршува Вељаноски.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.