Велиновска: Кои се мрежите кои ја бојосуваат Македонија
Новинарката Мирка Велиновска во “Дневник“ ги откри сценариото, кое по налог на странска служба се спроведува во Македонија под кодно име “Волшебникот од оз“, чија цел е цел е уништување на Македонија.
Велиновска открива, како што вели “кој за пари ја бојадисува македонија“, објавувајќи ги имињата на луѓето и организациите кои ја спроведуваат “шарената револуција“ во земјата.
- Увидувајќи ја организациската и теренската слабост на локалниот подизведувач на дејства за соборување на демократски избраната власт во Македонија, инспираторот на ,,Пучот“ и сега веќе шашавата револуција во земјава реши да ги вовлече во борбените дејства друштвата на корпоративните леваци и анархисти, односно Муслиманското братство и екологистите. Така што она што го гледаме и ќе го гледаме до денот на изборите како активност на СДСМ е парада на мрежата на корпоративни платеници составена од Kанвас, „Солидарност“, анархисти, Муслиманско братство, Сорос, ЛГБТ, „Протестирам“, Универзитетски пленум, Беса, „Разбуди се“ и сл – пишува Велиновска.
Новинарката во колумната ја поврзува и мигрантската криза со актуелната политичка ситуација во земјата. Затоа што мрежите на организации кои добиваат милионски суми за да го спроведат сценариото, се во истите интернационални мрежи кои работат на пробивање на мигрантите во европската земја. Таа оди дотаму што ги открива и имињата на странците кои се во Македонија со цел спроведување агендата, а ги објави и телефонските броеви преку кои се координираат овие активности.