Џет-Сет
11. March 2016 - 16:35

Велимир Бата Живојиновиќ се уште не знае за смртта на пријателот Драган Николиќ

 
Велимир Бата Живојиновиќ се уште не е известен за смртта на неговиот колега и близок пријател Драган Николиќ, а сопругата Лула не знае кога и како на својот сопруг ќе му ја соопшти тажната вест.
-Цело утро ни ѕвони телефонот. Бата моментално спие. Не знам кога и на каков начин, поради неговата здравствена состојба ќе му соопштам дека Гага повеќе го нема  изјавила за медиумите животната сопатничка на легендарниот Валтер.
 
Лула со одбрани зборови зборува за Драган Николиќ:„ Тој беше толку прекрасна личност. Многу не потресе оваа вест. Бата му даваше поддршка да издржи. Со Милена постојано бев постојано во контакт и таа многу страдаше многу и беше тешко“.
 
Сеќавањата навираат…
 
-Драган дојде заедно со Драган Бјелогрлиќ да го посетат мојот Бата и тогаш му кажа „Леле стари колку добро изгледаш. Јас ќе си заминам пред тебе“. Бата тогаш се чудеше зошто му ја бацуваат раката, а тие му кажаа:„Ти беше и засекогаш ќе останеш нашиот кум, нашиот Вито Корлеоне“ – изјавила низ глас полн со тага Лула Живојиновиќ.