Велика Британија треба да плати отштета за присилното иселување на деца-мигранти
- Британската влада мора да плати отштета за околу 2.000 луѓе кои, како деца, биле насилно испратени надвор од земјата, каде многумина биле подложени на тешки услови, занемарување и злоупотреба.
Повеќе од 100.000 сиромашни деца се испратени од 19. век па се до 1970 година во тогашните британски колонии, вклучувајќи ги Австралија, Нов Зеланд и Канада.
Целта на тие програми била намалување на притисокот врз британските социјални служби, нудејќи им на децата нов почеток и зајакнување на британската популација во странство.
Меѓутоа, многу деца завршиле во институции каде биле физички и сексуално малтретирани или биле принудени да работат на фарми.
Независна истрага за сексуална злоупотреба на деца утврди дека програмата во суштина била погрешна и дека не ги заштитила децата од злоупотреба.
Повеќето од поранешните деца-мигранти починале, но „околу 2.000 мигранти се живи и денес“, а комисијата смета дека од клучно значење е на сите преживеани да им се додели отштета.
Поранешниот британски премиер Гордон Браун во 2010 година се извини за „срамната" и злонамерна програма за деца мигранти.
Ново на Сител
-

Визна либерализација меѓу темите на вториот Стратешки дијалог со САД
-

Советот на обвинителите ја прифати оставката на Ленче Ристоска
-

Досега откупени над 100.000 јагниња по цена од 280 денари, на сточарите исплатени над 1 милијарда денари субвенции
-

Уставен одлучи: Се зголемуваат платите на судиите
-

Законот за правична застапеност го помина владиниот филтер – на ред е Собранието
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кревко примирје меѓу САД и Иран
-

Падна цената на нафтата на светските берзи, но неизвесноста за Ормутскиот теснец останува
