Велика Британија ги санкционира судиите, истражителите и агентите на ФСБ вклуччени во прогонот на Владимир Кара-Мурза
– Британскиот Форин офис вовeде санкции против двајца вработени во руската Федерална служба за безбедност и уште тројца истражители и судии околу делото на рускиот опозиционер, историчар и новинар, Владимир Кара-Мурза.
Како што се вели во денешното соопштение од секретарот за надворешни работи, Џејмс Клеверли, двајцата од ФСБ, Константин Кудрјавцев и Александр Самофал, биле членови на оперативна група која го следела Владимир Кара-Мурза пред неговото труење во 2015 година. Кудрјавцев е познат и како наводниот трујач на Алексеј Навални.
Истражителот Денис Колесников, генерал леитенант на Истражниот комитет, го подготвил налогот за апсење на Кара-Мурза, мајорот Андреј Задачин го водел кривичното дело, а судиката Елена Ленскаја го утврдила неговото задржување и го испратила во затвор..
Притоа, изрекувањето на казната за Кара-Мурза е од друг судија, Сергеј Подопригорив, вклучен во „списокот Магнитски“, во американскиот Конгрес промовиран од Кара-Мурза, кој поседува и британско државјаниство. Подопригоров е веќе во списокот американски и британски сакнции.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот