Велика Британија формира Центар за кибер безбедност
Британската кралица Елизабета Втора денеска официјално го отвори Националниот центар за кибер безбедност, кој ќе се занимава со британските напори за справување на кибер нападите, првенствено од Русија.
Кралицата, придружувана од својот сопруг, принцот Филип и група владини министри, меѓу кои и министерот за финансии Филип Хамонд, официјално го отвори лондонското седиште на Центарот.
- Кибер нападите кои ги забележавме се се почести, а притоа и посериозни и пософистицирани, изјави Хамонд на церемонијата.
Тој додаде дека во изминативе три месеци британските безбедносни служби одвратиле 188 кибер напади.
Центарот е дел од владината стратегија претставена во ноември, вредна 2,24 милијарди евра, која има за цел да се засили борбата против кибер заканите.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата