Велигден и Бајрам без полициски час предлага Комисијата
Според информации на Сител од среда полицискиот час ќе почнува од 21 часот и ќе трае до 05 часот наутро.
По три недели предлогот на Комисијата за заразни болести е да се дозволи да бидат отворени летните тераси на угостителските објекти и на нив да може да се примаат гости. Овие предлог мерки според информациите на Сител се усвоени но се очекува нивна потврда на утрешната владина седница.
Олеснувањете на рестриктивните мерки се должи на намалувањето на бројот на новозаразени од Ковид-19, но и намалување на бројот на пациенти кои имаат потреба од болчничко лекување. На утринскиот состанок за Комисијата за заразни болести бил даден предлог за Велигден и Бајрам воопшто да нема полициски час, меѓутоа последниот збор ќе го има владата на утрешната седница.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен