-->
-->
Велешкиот театар со „Заспаниот супер-херој“ гостува во Радовиш
-->
Велешкиот народен театар „Јордан Х К Џинот“ денеска со три претстави од претставата за деца „Заспаниот супер херој“, по текст и режија на Младен Крстевски, ќе гостува во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш.
„Заспаниот супер-херој“ е театарска продукција на Велешкиот театар наменета за најмладата публика која театарот ја реализира од сопствени средства. Претставата на атрактивен и интерактивен начин ја следи приказната за Ицо и Гицо кои со помош на нивниот супер-херој и волшебникот ја спасуваат својата другарка Пинипу од рацете на лошиот вештер,појаснува Крстевски.
Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски како Гицо, Жарко Спасовски како Ицо, Васил Зафирчев како Вештерот, Ирена Илиевска како Пинипу, Младен Крстевски како Волшебникот и Андреј Серафимовски како супер-херојот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен
-

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка
-

Лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само Филипче
-

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-

Најмалку 22 луѓе загинаа откако кран падна врз воз на Тајланд
-

Презентација на Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030
-

Зеленски: Тешка ситуацијата во Украина
-

Трамп: САД ќе реагираат решително ако Иран започне егзекуции
