Велешкиот театар со „Синиот портокал“ на Скопско лето

Велешкиот театар вечер на малата сцена на Македонскиот народен театар во рамки на фестивалот „Скопско лето“ ќе ја изведе претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски.
Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.
„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, со застарени методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи.
- Иако во оригиналната драма централен лик е Афроамериканец, оваа постановка содржи една поинаква драматуршка адаптација, во која контекстот се актуелизира и локализира. Адаптацијата се однесува на Ерџан, Ром, кој заглавува во лавиринтот на својата шизофренија, но и во лавиринтот на психијатриската клиника... Оваа драма топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација, истакнува режисерот Ивановски.
На „Скопско лето“ вечер е и изложбата на Друштвото на ликовни уметници на Србија која ќе биде отворена во НЛБ Галерија од 20 часот, а на програмата „Кафе кино“ од 21 часот во ФЛУ - Сули ан ќе биде прикажан српскиот филм „Панама“ во режија на Павле Вучковиќ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
