Велешанец паднал од мотор и бил прегазен од камион, во многу тешка состојба префрлен на скопските клиники
Кај игралиштето во населбата Тунел во Велес, утрово, околу 7 часот, 56-годишен велешанец паднал од мотор и притоа бил прегазен од камион, потврдува портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Прва помош на повредениот му дала екипа на Брзата помош која со возило итно го однела во Општата болница во Велес.
Како што информира за МИА, портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, 56-годишен маж бил донесен кај нив со тешки телесни повреди на глава и врат, веднаш бил интубиран и реанимиран и во коматозна состојба околу 8 часот итно бил префрлен на Хирушката клиника во Скопје.
Д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом, информира дека од медицинската екипа на Брза помош на местото на настанот кај повредениот констатирала тешки телесни повреди на глава и главина. Имобилизиран бил со шансова кравата и во мозочна кома и итно бил транспортиран во Општата болница во Велес.
Од СВР Велес, како што информира Додевски, полицијата направила увид на настанот и ги утврдува причините за несреќата.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица