-->
-->
Вее снег во Кичево
-->
Снегот кој во Кичевскиот регион врнe непрекинато повеќе од 48 часа, создаде големи потешкотии во нормалното одвивање на секојдневието на населението и најмногу го отежнува одвивањето на сообраќајот, но надеж преставува тоа што денеска врне снег со послаб интензитет. Височината на снежната покривка изнесува од 50-тина сантиметри до еден метар во зависност дали се работи за пониските делови од овој регион или за ридско-планинските села.
Инаку екипи задолжени за зимско одржување, редовно ги чистат главните патишта во регионот, со цел сообраќајот да се одвива без застој.
-Во нашата општина за чистење на снегот од патиштата ангажирани се 23 машини од кои 11 се ангажирани во северниот регион, јужната регија се расчистуваа со 6 машини, а со исто толку машини ЈП „Комуналец“ ги чисти улиците во градот. Ако нема нови снежни врнежи, планираме во текот на денешниот ден целосно да бидат исчистени патиштата и до најоддалечените планински села во нашата општина вели портпаролот Емин Насуфи.
Тој посочи, дека мал проблем претставува чистењето на патиштата до планинските села Бериково, Папрадиште, Ново Село и Калешовци, кои во текот на денешнот ден, се надева, ќе бидат пробиени. Истовремено, потенцира, ќе бидат исчистени и патиштата и низ селските населби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот