Вечерва се отвора небото пред големиот христијански празник Митровден
Св. великомаченик Димитриј – Митровден се празнува на 08. Ноември. Утре именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…
Свети Димитриј се родил во Солун, во третиот век. Бил син единец на солунскиот војвода. По заминувањето на татко му на другиот свет, цезарот Максимијан го поставил Димитриј на истото место и посебно му препорачал да ги гони христијаните.
Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонел, туку и јавно ја исповедал и проповедал верата во воскреснатиот Христос.
Штом слушнал за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, свратил во Солун, за да ја испита работата.
Го повикал Димитриј, кој не ја одрекувал својата вера и дури и го убедувал цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневил и го фрлил Димитриј во затвор, а по неколку дена и го испратил на оној свет.
Некои христијани го зеле неговото тело и чесно го погребале.
На тоа место подоцна била подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.
Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.
За овој ден постои верување. Во пресрет на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.
Ново на Сител
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија
-
Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари
-
Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите
-
Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев: Тоа е како кога глушецот го задева лавот
-
Татко ја врзал со јаже за врат и раце својата 11-годишна ќерка, снимал и објавил на социјални мрежи | ВИДЕО