Македонија
15. December 2025 - 16:31

Вечерва ќе светне новогодишната елка и ќе биде отворен божиќниот маркет на плоштадот Македонија

Со осветлување на новогодишната елка ќе стартува новогодишната програма за граѓаните во Скопје. Од вечерва ќе биде отворен божиќниот маркет. Се до 31 декември од 12 напладне ќе има програма за деца а потоа и музика за возрасните, штандови со храна, пијалоци, новогодишни украси.

За дочекот на Новата година граѓаните ќе се забавуваат со најпознатите музички изведувачи Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски, Куку Леле, Пајак, Огнен Здравсковски, Кристина Димитриевска и Два Бона.

Оваа година на плоштадот нема да има огномет.

Пејачите ветуваат добра забава за сите што ќе дојдат на плоштадот Македонија. Градоначалникот изрази благодарност до колегите кои го слушнале повикот за обединување и нема да организираа паралелни новогодишни прослави на 31.

Настапот на пејачите го плаќа Државна лотарија, додека од буџетот на Градот за украсување се потрошени помалку од 70.000 евра.