Вечерва е првата млада Месечина во новата година: Ова мора да го направите
Влијанието на младата Месечина често е потценето, иако е многу поголемо од она на полната Месечина.
Причината за тоа е што на денот на младата Месечина влијанието е повеќе од суптилна природа, додека за време на полната Месечина човекот е свесен за зголемените мисли.
Младата Месечина со себе носи доволно моќ и енергија кои поттикнуваат обнова на вашиот дух, мисли, аура.
Вечерва над Македонија, околу 2:30 часот по полноќ, ќе се појави првата млада Месечина годинава. Таа со себе носи зголемена интуиција, па ова е добар период за донесување на тешки одлуки.
Време кога е поволно да се почне со исфрлување на лошите и штетни навики.
Во текот на овој ден концентрирајте се на иднината, насочете ги вашите мисли кон позитивност и пробајте да визуализирате каде ќе бидете за една година од овој ден.
Младата Месечина со себе носи доволно енергија, која може да ја насочите кон започнување на нови работи и затворање на лоши поглавја од вашиот живот.
Астролозите советуваат дека оваа фаза е идеална и за започнување на диета, нега на кожата, косата и ноктите. Треба да се внесуваат и повеќе течности во организмот.
Ново на Сител
-
Да се носи маска во болниците и клиниките - препорака од Министерството за здравство за заштита од грипот
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот