„Вечерње новости“: Турските разузнавачки служби ја туркаат идејата на Рама и Тачи

Постојат сериозни сомнежи дека последните закани кон Србија за прекројување на границата и создавање на т.н. „Голема Албанија“, а кои синхронизирано пристигнаа од Тирана, Приштина и Прешево, се подготвени во Анкара и спроведени под „диригентска палка“ на турските разузнавачки служби, пишуваат „Вечерње новости“.
Како што весникот наведува, до овие информации дошле српските безбедносни структури, а според нивни оперативни податоци, офанзивниот настап на турските разузнавачки структури доаѓа преку Приштина и тоа преку две клучни полуги.
Првиот канал на комуникација и влијание се остварува преку турската инвестициска Агенција за соработка и координација на програмите во Србија - ТИКА, која главно е насочена на делувањето во Рашката област, но е присутна и во општините од ресавската котлина.
Втората полуга на делување се интензивните состаноци на турските безбедносни претставници со албанските лидери во Прешево и Бујановац, но и на Косово, наведуваат „Вечерње новости“.
Како што весникот пишува, сите овие операции се одвиваат преку турскиот разузнавачки пункт во Приштина за нивната субверзивна работа да остане што подалеку од очите на српските безбедносни служби.
„Новости“ наведуваат дека овие информации укажуваат на скриените аспирации на Турција од дел на територијата на Балканот да создаде свое упориште.
Соговорници на „Српски телеграф“, исто така, сметаат дека „зад воено подбуцнувачките“ изјави на албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи за создавање „Голема Албанија“ стојат странски служби, а вели дека на овие простори покрај турските работат и други тајни служби.
Поранешниот шеф на специјалното одделение на Државната безбедност на Србија, Божидар Спасиќ, вели дека во ова сигурно се „вплеткани“ и британската МИ6, германскиот БНД, која за Косово знае, како што вели, повеќе од српските служби, а дека посебен интерес има турската служба која веќе поседува разгранета мрежа од разузнавачи во регионот, посебно во БиХ и во Косово. Според него, тука се и службите на Иран и Саудиска Арабија, а додава дека не треба така лесно да се отпише ниту американската ЦИА.
Ново на Сител
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
-

Мицкоски: Овој 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, зашто слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи
-

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слобода се добива со храброст, а држава се гради со труд, чест и одговорност
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
