Македонија
13. May 2023 - 9:10

Вчера во Скопје казнети над 110 возачи - најголемиот дел од нив возеле пребрзо

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 112 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, осум мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за непрописно престројување на возила.  

Изречени се две мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за управување под дејство на алкохол, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.