Вчера аплицирани 12.022 вакцини
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.179 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.022 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани.
Како што информираа утрово од Министерство за здравство со последните бројки 53 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
-Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, посочуваат од Министерство за здравство.
Ново на Сител
-
Уапсени две лица во Неготино и Кавадарци, возеле со по 1.81 и 1.95 промили алкохол во крвта
-
1336 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
-
Раул Алонсо ја напушти клупата на Еурофарм Пелистер
-
Два полициски хеликоптера го гасат пожарот во околината на Блаце
-
Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини
-
Трамп од денеска испраќа писма со нови царини до трговските партнери
-
На ГП Табановце се чека до половина час
-
Без струја дел од општините Сарај и Илинден