Вчера 93 возачи не пропуштиле пешаци на пешачки

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 13 до 18 часот на територијата на државава спровело засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои не пропуштаат пешаци на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.
При контролата, како што информираат од МВР, санкционирани се 93 возачи.
Од МВР посочуваат дека продолжуваат со засилените акциски контроли и апелираат возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.
-Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, потенцираат од МВР.
Ново на Сител
-

Иран: Американските мерки во Ормуска Теснина се „пиратство“
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
-

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
-

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
