-->
-->
Вавринка елиминиран во првото коло на Вимблдон
-->
Русинот Данил Медведев го направи првото големо изненадување на Вимблдон, откако на првиот натпреварувачки ден го елиминира третиот светски рекет Станислас Вавринка.
Медведев кој се наоѓа на 49.место на АТП ранг листата победи со 3-1, по сетови 6:4, 3:6, 6:4 и 6:1, но треба да се нагласи дека Вавринка во текот на мечот имаше проблеми со повреда.
Швајцарецот неколку пати бараше медицинска помош, но и тоа не му помогна да го избегне поразот по кој си го загрози 3.место на АТП, бидејќи Новак Ѓоковиќ со пласман во 4.коло би го поминал Вавринка на светскиот поредок.
Од другите големи фаворити во машка конкуренција на Грен слемот во Лондон, на стартот немаа проблеми Енди Мареј и Рафаел Надал, додека денеска своите први настапи ќе ги имаат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце