-->
-->
Вавринка елиминиран во првото коло на Вимблдон
-->
Русинот Данил Медведев го направи првото големо изненадување на Вимблдон, откако на првиот натпреварувачки ден го елиминира третиот светски рекет Станислас Вавринка.
Медведев кој се наоѓа на 49.место на АТП ранг листата победи со 3-1, по сетови 6:4, 3:6, 6:4 и 6:1, но треба да се нагласи дека Вавринка во текот на мечот имаше проблеми со повреда.
Швајцарецот неколку пати бараше медицинска помош, но и тоа не му помогна да го избегне поразот по кој си го загрози 3.место на АТП, бидејќи Новак Ѓоковиќ со пласман во 4.коло би го поминал Вавринка на светскиот поредок.
Од другите големи фаворити во машка конкуренција на Грен слемот во Лондон, на стартот немаа проблеми Енди Мареј и Рафаел Надал, додека денеска своите први настапи ќе ги имаат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шефот на СЗО доби нов петгодишен мандат
-
Муцунски: Автокефалноста на МПЦ ни носи духовна радост и душевен мир
-
Нова анонимна дојава за бомба во Ректоратот на Приштинскиот универзитет
-
Малолетник од Скопје со остар предмет нападнал вработена во аптека и одзел пари
-
Нападнат полициски службеник од повеќе лица во Чаир, имало и пукање
-
Изваден 55 годишен маж од водите на реката Вардар
-
САД: Европа нема повеќе да биде зависна од руската енергија
-
СПМ: Со нескриена радост ја примивме историската вест за прифаќањето и признавањето на МПЦ-ОА